Дома Фудбал Италија Роналдо се чуствувал како „ѕвер во кафез“

Роналдо се чуствувал како „ѕвер во кафез“

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо е многу разочаран од новиот позитивен тест на коронавирус, пренесува „Тутоспорт“.

Весникот открива дека Португалецот споделил пред своите пријатели дека се чуствува како „ѕвер затворен во кафез“.

Роналдо е во изолација од 13-ти октомври, кога беше откриено дека е позитивен на Ковид 19.

Поради фактот што е се уште позитивен, Роналдо ќе го пропушти денешниот дуел со Барселона во Лигата на шампиони.

Фановите со нетрпение очекуваа повторно да видат дуел помеѓу Роналдо и Меси, но тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ли Шарп: Карик треба да остане, но му требаат засилувања

Ли Шарп смета дека Манчестер Јунајтед треба да му даде повеќе време и засилувања на Мајкл …