Откако ја доби „Златната топка“, Кристиано Роналдо даде опширно интервју за „Франс Фудбал“, каде проговори и за аферата „Football Leaks“.
„Нормално дека тоа ми го расипа задовоството за освојувањето на Златната топка, би лажел доколку би рекол спротивно. Не сум лицемер, таа сторија не ми донесе ништо добро, а тој цел процес е тежок не само за мене, туку и за луѓето околу мене: моето семејство, луѓето кои работат за мене. Мојот син веќе оди на школо и почнува да разбира некои работи“, истакна Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш се трудам да на направам правилната работа, да бидам транспарентен, немам причина да лажам. Кога се зборува за мојот приватен живот, за моите пријатели, дали имам или немам девојка, тоа е нормално, но ова е нешто многу сериозно. Имам адвокати, клуб, луѓе кои работат за мене и тоа ме боли бидејќи секогаш се трудиме да работиме исправно“, објаснува Португалецот.
„Има многу недолжни луѓе кои се во затвор и јас се чувствувам исто така. Знаеш дека не си направил ништо погрешно, а ти велат дека си погрешил и мораш да одговараш. Но, вистинате секогаш изгледува на видело, порано или подоцна“, заклучи Роналдо.