Познатиот новинар Фабио Сантини откри „бомбастична“ вест за Кристиано Роналдо, која може да предизвика „земјотрес“ во европскиот фудбал.
Имено, Роналдо му соопштил на својот менаџер Жорге Мендеш дека сака кариерата да ја продолжи во Пари Сент Жермен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе неколку месеци се шпекулира дека Роналдо ја игра последната сезона во Јувентус, а негова најголема желба е преселба во ПСЖ.
„Роналдо му кажал на својот менаџер дека сака кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Ќе видиме што ќе се случи на лето. Многу веројатно дека ова е негова последна сезона во Јувентус“, изјави Сантини.
ПСЖ сака да донесе една голема ѕвезда на лето, а не е тајна дека прбата желба е Лео Меси.