Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо постави нов рекорд Лигата на шампионите – зад себе го остави Чави!

Роналдо постави нов рекорд Лигата на шампионите – зад себе го остави Чави!

Eден од најдобрите фудбалери во светот вечерва испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите.

Нов натпревар во Лигата на шампионите и нов рекорд на Кристиано Роналдо!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Португалскиот интернационалец вечерва очекувано се најде во првиот тим на Реал и така го запиша својот 152 натпревар во најелитното европско натпреварување.

На тој начин Кристиано Роналдо стана фудбалерот (не сметајќи ги голманите) со најмногу настапи во Лигата на шампионите.

Рекордот до вечерашниот натпревар го држаше поранешниот фудбалер на Барселона Чави со 151 настап во Лигата на шампионите. Доколку ги сметаме и голманите на врвот е Икер Касиљас со 167 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Симонс ќе игра против Баерн Минхен, па го прави трансферот на кариерата

Доколку не дојде до пресврт, планот е Чави Симонс да ја започне средбата за РБ Лајпциг про…