Легендарниот Бразилски напаѓач Роналдо е еден од првите кои добија место во „Куќата на славните“ на Интер каде што одигра дел од своите најдобри натпревари во кариерата.
Клубот вчера го прослави со 110 роденден, а како што беше најавено отворена е и „Куќа на славните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Први кои имаа чест да добијат место во историјата на Интер според гласовите на навивачите се Роналдо, Хавиер Занети, Валтер Зенга и Лотар Матеус.
„Ми претставува голема чест што сум дел од „Куќата на славните“ и им благодарам на сите кои гласаа за мене. Сепак заслужен за сето ова е мојот „татко“ Масимо Морати и неговото семејство. Тие ме доведоа во Интер каде што и станав „Ил Феномено“, изјави Роналдо и додаде:
„Многу навивачи за Интер со многу емоции зборуваат за тој период и јас го делам нивното мислење. Во мое време не беше доволно само да играте добро. Се боревме против ривалот, но и против корумпираниот систем кој на крајот беше откриен. Таа генерација заслужуваше многу повеќе“, зборуваше Роналдо.
Секако, Роналдо мислеше на „Калчополи“ скандалот кои се случи пред повеќе од десет години кога на Јувентус му беа одземени две титули поради наместени натпревари, додека Милан кои беше второпласиран исто така беше казнет, но сепак остана во првата лига за разлика од Јувентус кој мораше да игра во Серија Б.