Фудбалерите на Јувентус вечерва играат на свој терен против Атлетико Мадрид во рамките од 5-тото коло во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ се избори за пласман во нокаут фазата од ова натпреварување, меѓутоа сигурно дека не очекува одличен натпревар затоа што и двете екипи ја сакаат првата позиција во групата.
Од првата минута на овој натпревар би требало да започне и Кристиано Роналдо кој го пропушти натпреварот со Аталанта.
Меѓутоа ако судиме според едно видео од вчерашниот тренинг на Јувентус Роналдо баш и не е најдобро расположен.
Фудбалерите на Јувентус играа шева и на Роналдо му ја протнаа топката низ нозете, по што следуваше нормална реакција на ваква ситуација, но таа реакција Португалецот не ја прифати баш најдобро.
Cristiano's reaction vs. Dybala's reaction ? pic.twitter.com/1u9h42ffrS
— B/R Football (@brfootball) November 26, 2019