Кристиано Роналдо одигра лош натпревар против Аталанта.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Асот на „старата дама“ беше запрен од дефанзивците на тимот од Бергамо кој беше одличен. Роналдо беше запрен, а не успеа да искористи и пенал и според многумина го одигра најлошиот натпревар во дресот на италијанскиот шампион.
Кристиано доби оценка од 4.5. каква што немал никогаш претходно.
„Нема дилеми дека ова не е резултатот кој го посакувавме, но сега е време да се одмориме и да се фокусираме на наредниот натпревар“, порача Кристиано.
Во одбрана на Роналдо застана тренерот Андреа Пирло.
„Настапот на Кристиано? Се случува…Ако го реализираше пеналот коментарите ќе беа поинакви. На секој му се случува да промаши пенал и да одигра лош натпревар“, изјави Пирло.
Јувентус новиот натпревар го игра веќе во сабота против Парма.