Одличниот Португалец, Кристиано Роналдо, пред околу два месеци беше обвинет за затајување на данок во Шпанија.
Познато е дека обвинителството го обвинува Португалецот за затајување на данок од околу 14.7 милиони евра, а тој поради овие обвиненија пред неколку дена се појави и пред судот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо во судот се изјасни дека никогаш не го избегнувал плаќањето данок и дека секогаш ги исполнувал обврските кон државата. Очекувано, фудбалерот пред судот го чекаа голем број новинари, меѓутоа тој успеа да излезе од споредниот излез и да ги избегне нивните прашања.
Сепак, Роналдо на својот Инстаграм профил одлучи да им посвети порка на сите кои го критикуваат и обвинуваат.
„На луѓето им пречи мојата светлост. Инсектите ги напаѓаат само ламбите кои силно светат“, напиша фудбалерот на Реал Мадрид под описот на фотографијата која ја постави.