Бившиот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ ова лето може повторно да се врати во Серија А.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Рома покажува сериозен интерес за Манџукиќ, кој моментално е слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватот го раскина договорот со катарскиот клуб и сака да ја продолжи кариерата во Европа, а Серија А е негов приоритет.
Рома ова лето може да остане без Един Џеко кој е на мета на Јувентус, па раководството на „волчицата“ смета дека Манџукиќ би бил идеална замена.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Манџукиќ побарал двегодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона.
⚡️ Interesse per #Mandzukic https://t.co/Q7HNUnxzZr
— ForzaGiallorossa.com [AS ROMA NEWS] (@FGiallorossa) August 24, 2020