Слободниот агент Џек Родвел денеска треба да пристигне во Рим за да ги помине лекарските прегледи и да потпише за екипата на Рома, пренесуваат италијанските медиуми.
Рома се соочува со голем број повредени фудбалери, па поради тоа се одлучи на овој изненадувачки потег.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Некогашниот голем талент на Евертон своевремено направи трансфер во Манчестер Сити, каде кариерата му почна во надолна линија, а потоа играше за Сандерленд и Блекбурн.
Родвел во моментов е слободен агент, па доколку ги мине лекарските прегледи во Рим ќе потпише договор со „волчицата“.
Според „Кориере дело Спорт“ Англичанецот најверојатно ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција да биде продолжен на уште една сезона.