Дома Трансфер зона Рома не запира – Во Рим пристигнува и третото засилување!

Рома не запира – Во Рим пристигнува и третото засилување!

Како што јавуваат италијанските медиуми, нова мета на Рома е фудбалерот на Лајпциг, Лукас Клостерман.

Десниот бек одигра 39 натпревари оваа сезона, играше и во Лигата на Шампионите и во Лигата на Европа, а е лична желба на спортскиот директор на „Волчицата“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Германецот има 22 години, може да ги покрие сите позиции во одбраната и не е премногу скап. Проценет е на 12 милиони евра, но Лајпциг најверојатно ќе бара и цели 20, бидејќи има договор до 2021. година.

Рома веќе ги доведе Анто Чориќ и Иван Маран, но изгледа дека во Рома се подготувава нешто големо. Клубот за следната сезона има големи амбиции, со оглед на добрата работа која ја работат, тоа ќе биде сосема оправдано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…