Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста оваа сезона е на позајмица во Баерн Минхен, но јасно е дека нема да остане на „Алијанц Арена“.
Тренерот Ханзи Флик не му дава голема минутажа оваа сезона, а Баварците веќе објавија дека нема да го откупат неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даглас Коста има уште една година од договорот со Јувентус, но јасно е дека за него нема место во тимот на Пирло.
За Бразилецот интерес покажуваат Милан и Рома, а тој самиот не крие дека преферира да остане во Серија А.
Двата клуба веќе се поврзале со агентот и сакаат да го донесат во своите редови на лето.