Раководството на Рома постигна договор со Бенфика за трансфер на бразилскиот офанзивен фудбалер Андерсон Талиска, информираат италијанските медиуми.
Талиска настапува како позајмен фудбалер во Бешикташ каде покажа одлични партии оваа сезона, па Рома побрза да го договори трансферот пред конкуренцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферната сума се уште не е објавена, но „волчицата“ наскоро ќе започне преговори со агентот на фудбалерот.
Бешикаш има можност да го откупи Талиска за 18 милиони евра, но Рома сигурно понудила многу повеќе за да го добие неговиот потпис.