Рома е последниот клуб кој се вклучи во трката за напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, пренесуваат шпанските медиуми.
Весникот „АС“ пренесува дека „волчицата“ сака да го донесе 25-годишниот напаѓач на едногодишна позајмица со право на откуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маријано сака да остане во клубот, но после доаѓањето на Јовиќ ќе му биде многу тешко да се избори за минутажа, па Зидан веќе го известил напаѓачот дека не влегува во неговите планови.
Изминатите денови медиумите пишуваа за интерес од страна на Милан за напаѓачот, а интерес за него исто така покажува и Тотенхем.
Покетино бара алтернатива во нападот за Хари Кејн после заминувањето на Љоренте и во Маријано гледа идеално засилување.
? El Roma pone su radar en Mariano
? Pretende la cesión del delantero, pero el Real Madrid prefiere venderle para cuadrar cuentashttps://t.co/xNffSQoSfj— AS (@diarioas) July 5, 2019