Холанѓанецот е на чекор од враќање во Премиер лигата.
Робин Ван Перси повторно би можел да заигра во Премиер лигата бидејќи за него интерес покажа екипата на Кристал Палас.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека новиот менаџер на Кристал Палас, Франк Де Бур, сериозно е заинтересиран во своите редови да го доведе искусниот напаѓач.
Ван Перси веќе две години настапува за Фенербахче, и во Турција на 82 натпревари постигна 36 погодоци. Меѓутоа, тој би можел да се врати таму каде што играше надјобро и онаму каде што сите сакавме да го гледаме, во Премиер лигата.
Тој за Арсенал и Манчестер Јунајтед постигна 144 погодоци на 280 натпревари и јасно е дека би бил огромно засилување на Палас.