Дома Фудбал Роберто суспендиран – Каталонските медиуми грмат: Ла Лига има различен критериум! (Видео)

Роберто суспендиран – Каталонските медиуми грмат: Ла Лига има различен критериум! (Видео)

Комисијата на Ла Лига одлучи да го суспендира фудбалерот на Барселона, Серхио Роберто за потегот во неодамна одиграното „Ел Класико“.

Роберто во еден момент без топка го удри Марсело и со право заработи исклучување. Удирањето фудбалер без топка автоматски значи суспензија од четири натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, каталонските медиуми веќе започнаа да грмат и потсетуваат на ист случај кога токму Марсело поради удирање на ривалот без топка заработил двојно помала суспензија, односно два натпревари.

Да биде поинтересно истиот судија Ернандес Ернандес, му го покажа патот на Марсело кон соблекувалната во натпреварот против Леванте.

„Спорт“ запрашува како е можно истата организација за идентичен прекршок да доделува различна казна. Мадритските медиуми секако се поблаги и потсетуваат дека Барселона има право на жалба, по што оваа казна би можела да биде намалена.

Како и да е доколку работите не се променат за Роберто оваа сезона е завршена и тој ќе ги пропушти последните три натпревари во Ла Лига против Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад како и првиот натпревар во Суперкупот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…