Maкедонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во интервју за ФФМ објаснува како тој го доживеал пласманот на Европското првенство.
„Бев заменет на пет минути до крајот, знам дека судијата даде уште четири минути продолжение за игра. Седнав и реков, дали е ова реално уште четири минути нè делат од Европско. Кога свирна судијата, право истрчавме кај Горан. Таа прегратка кај него ја споделив прв и после славјето продолжи“, објаснува Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали да плачеш дали да се радуваш. Јас сум тука од првиот ден со селекторот Игор Ангеловски. Тука го допрев и дното, но и се искачи на врвот. Мило ми е за сите и за Горан и за селекторот. Создаде една хемија верба во нас. Ова го говорам од срце…“, рече меѓу другото Ристовски.