Дома Фудбал Останато Ристовски: Се бориме за полуфинале, тоа е најголем мотив

Ристовски: Се бориме за полуфинале, тоа е најголем мотив

Динамо Загреб утре му гостува на Виљареал и ќе се бори за пласман во полуфиналето од Лига Европа.

Динамо Загреб во првиот меч загуби со 0:1, но хрватскиот тим не се предава и се уште се надева на пласман во полуфиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски вели дека борбата за полуфинале е најголем мотив.

„Ќе се бориме за пласман во полуфинале, а овој момент не постои поголем мотив од тоа. Знаеме каков квалитет има Виљареал, но ние сме добра и искусна екипа. Го покажавме тоа во текот на целата сезона, а така ќе се поставиме и во четврток. Мораме да влеземе цврсто и со ладни. Дај Боже да минеме“, изјави Ристовски.

Настапот на другиот македонски репрезентативец Адеми на овој меч е неизвесен поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудо дерби во Премиер лигата: Три пенали за 15 минути и тензии по промашениот пенал

ВЕСТ ХЕМ и Брајтон го завршија натпреварот во 2025 година со реми, 2:2, во спектакуларна с…