Maкедонскиот фудбалер Стефан Ристовски беше херој за Динамо во вчерашниот натпревар против
Осиек во кој во 95. минута го постигна голот за победа на гигантот од Загреб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По натпреварот Ристовски истакна дека е среќен за погодокот и победата на тимот.
„Среќен сум што конечно го постигнав овој гол. Најважно е што победивме на овој исклучително тежок терен. Мило ми е што верувавме до самиот крај. Ние сме тим кој го има тој победнички менталитет и треба вака да продолжиме“, изјави Ристовски.
Но, на прашањето за неговиот статус во тимот даде ироничен одговор со кој покажа дека им е лут на новинарите.
„Што знам…вие новинарите најдобро знаете. Знаевте се за мојот трансфер и подобро од мене, па ништо не ме ни прашувате“, одговори Ристовски.
Не е потврдено, меѓутоа Ристовски веројатно алудираше шпекулациите кои го поврзуваа со Црвена Звезда.