Дома Македонски спорт Мак фудбал Ристовски: Како поминува времето сфаќаме што направивме

Ристовски: Како поминува времето сфаќаме што направивме

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги сподели импресиите после големата победа над Германија.

Ристовски вели дека ова е многу повеќе од победа на обичен фаворит и дека како што поминува времето, така победата добива поголема тежина

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Како што поминува времето, сфаќаме каков успех направивме. Не победивме само фаворит, победивме голем гигант во светскиот фудбал, селекција која е светски првак. Од Германија доаѓа еден Баерн Минхен, кој е европски шампион“.

„Ова е голем успех за Македонија и треба да ни даде поттик за понатаму, да ги извлечеме позитивните работи и не застанеме. За вакви мечеви се живее, ретко ти се дава шанса да играш и да победиш. Драго ми е што го покажавме тоа на најдобар начин против тим каков што е Германија“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…