Во европскиот фудбал денеска беше извлечена ждрепката за плеј-офот во квалификациите за ЛШ.
Директно место во плеј-офот има Динамо Загреб каде што настапуваат македонските фудбалери, Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Во плеј-офот хрватскиот гигант ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Карабах и Лудогорец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Црвена Звезда би можела да се соочи со Јагелонија од Полска или Бодо/Глимт. Мурињо и Фенербахче за противник го добија француски Лил, а подобриот од овој двомеч оди на меч против Славија Прага или Унион Сент Жилоа.
Првите натпревари се играат на 20-ти и 21, реваншит на 28 и 28 август, додека ждребот за групите е закажан за 29. август.
ДВОЈКИ ВО ПЛЕЈ-ОФ ЗА ЛШ
Јанг Бојс – Галатасарај
Динамо Загреб – Карабах/Лудогорец
Мидтјиланд/Ференцварош – Слован Братислава/АПОЕЛ
Јагјелонија/Бодо/Глимт – Црвена Звезда
Малмо/ПАОК – Спарта Прага/ФЦСБ
Лил/Фенербахче – Славија Прага/Унион Сен Жилоа
Динамо Киев/Ренџерс – Салцбург/Твенте