Дома Фудбал Англија Ривалите го обвинуваат Ливерпул за „измама“

Ривалите го обвинуваат Ливерпул за „измама“

Ливерпул синоќа имаше шанса додатно да ја зголеми предноста пред Манчестер Сити, но одигра 1:1 против Лестер, па сега има пет бода предност пред најголемиот ривал.

Во борбата за титулата секој детал е важен, па противничките фанови го обвинуваат персоналот од „Енфилд“ дека синоќа со „измама“ сакал да му помогне на Ливерпул.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, пред мечот имаше врнежи од снег, па на полувремето персоналот почна да го чисти теренот.

Меѓутоа, голот пред кој Ливерпул напаѓаше во второто полувреме не беше доволно исчистен и не се познаваа добро линиите.

Противничките фанови кои го гледаа мечот во живо тврдат дека тоа намерно било направено за да му се помогне на тимот на Клоп.

Дури и да е така, тоа сепак не му помогна на „црвените“ кои одиграа реми 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…