Дома Фудбал Останато Ривалдо ги спушти на земја Меси и Роналдо!

Ривалдо ги спушти на земја Меси и Роналдо!

Легендарниот Бразилец Ривладо го  сврте вниманието на себе со изјавите пред големото „Ел Класико“ кое се игра во сабота.

Помеѓу останатото новинарите го запрашаа за доминацијата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо во денешниот фудбал, а тој одлучи за да ги „спушти малку на земја“…

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Во мое време имаше многу повеќе одлични фудбалери. Фиго, Тоти, Дел Пиеро, јас… Доколку би играл денес сигурно би освоил многу повеќе од една Златна топка“, истакна Ривалдо.

Многумина ги интересираше како Ривалдо ќе ја објасни денешната доминација на Роналдо и Меси.

„Тоа што тие двајца толку се одвојуваат од другите значи дека останатите не се доволно добри. Навистина, двајцата многу ми се допаѓаат, но мислам дека тоа е знак дека нешто не е во ред. Се зборува само за нив, евентуално малку за Нејмар и тоа е тоа. Очигледно е дека нема толку многу квалитетни фудбалери како порано“, изјави Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…