Дома Фудбал Германија Рибери и Левандовски во елемент – „два пати по два“ за убедлива победа над Борусија

Рибери и Левандовски во елемент – „два пати по два“ за убедлива победа над Борусија

Фудбалерите на Баерн забележаа победа против големиот ривал Борусија Дортмунд со 4-1 во дерби дуелот од 28.коло на германската Бундес лига.

На средбата кој се играше во Минхен, по два гола за домашниот тим ги постигнаа Франк Рибери (4 и 49.минута) и Роберт Левандовски (10 и 68) вториот од пенал. Почесниот гол за гостите од Дортмунд го постигна Рафаел Гуереро (20).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На средбите одиграни претходно, беа постигнати овие резултати: Келн – Борусија Менхенгладбах 2-3, Фрајбург – Мајнц 1-0, Хамбургер – Хофенхајм 2-1, Лајпциг – Баер Леверкузен 1-0, Шалке – Волфсбург 4-1 и Ајнтрахт – Вердер 2-2.

Последните две средби од ова коло, Херта – Аугсбург и Инголштат – Дармштат, ќе се играат утре.

Табела: аерн Минхен 68 бодови, Лајпциг 58, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Фрајбург 41, Келн 40, Херта 40, Борусија Менхенгладбах 39

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пет голови и асистенција – Халанд е најдобриот

Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата…