Дома Фудбал Лига на шампиони Реми во Рим за нокаут фаза на Лацио, Борусија со пресврт до победа во Русија 🎥

Реми во Рим за нокаут фаза на Лацио, Борусија со пресврт до победа во Русија 🎥

Вечерва во терминот од 18:55 како и вообичаено се одиграа два натпревари во Лигата на шампионите.

Лацио на свој терен играше против Клуб Бриж во директна борба за пласман во нокаут фазата. На Бриж му беше потребна победа во Рим за да обезбеди нокаут фаза, дуелот на крај заврши 2:2 што му одговараше на домаќинот. Кореа го доведе Лацио до водство во 12. минута, после три минути Вормер изедначи на 1:1. Десетина минути подоцна Имобиле зголеми на 2:1. Конечните 2:2 ги постави Ванакен со голот во 76. минута.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во вториот натпревар Борусија Дортмунд на гости го победи Зенит со 1:3. Дриуси ги доведе Русите до предност во 16. минута. Борусија направи пресврт со двата гола во второто полувреме. Погодуваа Пижчек и Витсел.

Од оваа група во следната фаза продолжуваат Борусија и Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Oва се можните противници на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите

Иако ја освои титулата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија нема да има повластен…