Дома Македонски спорт Регионалниот технички консултант на ФИФА Каролин Браун во посета на ФФМ

Регионалниот технички консултант на ФИФА Каролин Браун во посета на ФФМ

Мината недела регионалниот технички консултант на ФИФА, Каролин Браун ја посети Фудбалската Федерација на Македонија. Разговарано беше за целите согласно стратешкиот план на ФФМ, а во насока на партиципацијата, развојот на таленти, фудбалските академии на ФФМ, грасрут активностите, развојот на женскиот фудбал, тренерските кадри.

Во рамки на неколкудневната посета Браун имаше можност да оствари средби и консултации со техничкиот директор на федерацијата Зоран Стратев, со менаџерот на сектор фудбал Жарко Игњатовски, како и со генералниот секретар Филип Поповски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сметаме дека поддршката од ФИФА од страна на фудбалски експерти и размената на искуства е секогаш добре дојдена. Тоа ќе ни помогне во подобрување на процесите особено во делот на развојот на тренерите, идентификација на талентите при селективните настани, подобрување на раководењето со академиите. – Жарко Игњатовски, менаџер на сектор фудбал на ФФМ.

Посетата вклучуваше консултации и работни средби и со одговорните за развој на женски фудбал, тренерска едукација и грасрут.

Имавме можност да дознаеме повеќе за одредени области во кои што можеме да направиме видлив напредок. Сметам дека младинскиот фудбал, грасрутот и развојот на женскиот фудбал во моментот се наши приоритети за нивно подобрување и зајакнување. Се пријавивме и да учестувавме како пилот асоцијација во истражувањето на ФИФА за развој на аматерскиот фудбал. Драго ни е што ни е дадена можноста да бидеме дел од овие активности на ФИФА. – Зоран Стратев, Технички директор на ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …