Дома Фудбал Реал ја зема најголемата ѕвезда на Леверкузен? Се подготвува XXL понуда

Реал ја зема најголемата ѕвезда на Леверкузен? Се подготвува XXL понуда

Флоријан Вирц (20) е најголемата ѕвезда на Баер Леверкузен, со кој Чаби Алонсо постигнува неверојатни резултати оваа сезона.

Сè уште се непоразени во сите натпреварувања и веќе е сосема јасно дека ќе ја прекинат доминацијата на Баерн во Германија и дека на крајот од сезоната ќе ја слават шампионската титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Младиот напаѓач на Леверкузен и на германската репрезентација го привлече вниманието на многу европски гиганти, па се пишува дека за него се заинтересирани или веќе испратиле понуда Ливерпул, Манчестер Сити и Баерн, а шпанскиот Фихајес пишува дека Реал Мадрид е пред сите во таа трка. Флорентино Перез е воодушевен од Вирц и има план да го донесе во летото 2025 година.

„Реал подготвува XXL понуда за Флоријан Вирц во 2025 година“, гласи насловот на споменатиот портал.

„Цената може да се искачи до вртоглави 100 милиони евра, а Реал реши да ја фрли мрежата кон Вирц бидејќи Џамал ​​Мусиала од Баерн е недостапен“, вели Фихајес.

Вирц оваа сезона има импресивен учинок од 11 постигнати голови и 17 асистенции на 37 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаф на Гранит Џака: Со погрешно знаме честиташе независност на Косово

Објавата на Гранит Џака, која беше наменета како честитка за Денот на независност на Косов…