Дома Топ вести Реал постави цена за Варан, два англиски гиганти спремни да ја платат

Реал постави цена за Варан, два англиски гиганти спремни да ја платат

Раководството на Реал Мадрид веќе се помирило со фактот дека ќе се раздели со дефанзивецот Рафаел Варан ова лето, пренесува „Марка“.

Варан на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката не одат во добра насока.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ сакаат да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па се спремни да го пуштат ова лето.

За него силен интерес покажува Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челзи.

„Кралевите“ за неговата слобода бараат 70 милиони евра, а двата англиски гиганти наводно се спремни да ја платат оваа сума.

Реал веќе го доведе Давид Алаба, а сигурно до крајот на преодниот рок ќе се засили со уште еден дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…