Како што тврдат шпанските медиуми, Паоло Диабала речиси сигурно ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Одличниот напаѓач на „Старата дама“ уште минатата сезона беше цел на Реал Мадрид, но Аргентинецот одлучи да остане и да го продолжи договорот. Како што пишува угледната „Марка“, весник кој е многу блиску до Реал, „Кралскиот“ клуб сака да го донесе Аргентинецот на лето, кога речиси сигурно ќе го напушти Мадрид.
На „Бернабеу“ се свесни дека Јувентус не е клуб кој лесно и за мали пари ќе се откаже од играч кој е од елитната класа, па подготвија интересна понуда.
„Марка“ пишува дека Реал е подготвен на Јуве да му исплати 80 милиони евра и заедно со парите за Торино да го испрати и Тони Крос. Познато е дека Јуве неколку пати се обиде да го доведе Германецот, во Мадрид се надеваат дека со оваа понуда ќе успеаат да ги убедат Италијанците да го пуштат Аргентинецот и да се согласат за замена.