Дома Фудбал Реал нема да оди на СП: „Еден наш натпревар вреди 20 милиони, а тоа ни го даваат за цел турнир“

Реал нема да оди на СП: „Еден наш натпревар вреди 20 милиони, а тоа ни го даваат за цел турнир“

Шампионот на Европа и Шпанија нема да игра на Светското клупско првенство кое следното лето ќе се игра во САД од 15 јуни до 13 јули во нов формат со дури 32 клуба. Ова го соопшти Карло Анчелоти во интервју за Il Giornale.

„ФИФА најавува ново клупско светско првенство, но заборава дека многу клубови кои добиле право да играат на него, не сакаат и нема да го сторат тоа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Еден натпревар на Реал Мадрид вреди 20 милиони евра, а ФИФА сака да даде толку за цело првенство. Ќе ја одбиеме поканата за тоа натпреварување, нема да играме“.

Новото клупско СП предизвика големи полемики. Фудбалерите се револтирани што ќе играат толку долго и на крајот на сезоната. Европејците, кои обезбедуваат 12 од 32-та учесници, не сакаат да патуваат на другиот крај на светот, а потоа да играат таму еден месец по веќе исцрпувачката и долга сезона. Ла Лига објави дека размислува за правна постапка за да го прекине натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој…