Реал Мадрид е во напредни преговори со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, пренесува „Марка“.
28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.
Ситуацијата ја следат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.
Меѓутоа, Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис бидејќи испратил најдобра понуда до агентот на Германецот.
„Марка“ пренесува дека двете страни наскоро ќе го дефинираат договорот и Рудигер на лето како слободен агент ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Chelsea are set to lose the centre-back. https://t.co/rNgHM4kAtA
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) December 9, 2021