Рахим Стерлинг ја игра најдобрата сезона во својата кариера, а англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити му спрема нов договор.
Имено, „граѓаните“ се спремни да му предложат нов договор и двојно поголема плата од актуелната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стерлинг оваа сезона на 37 натпревари постигна 20 гола и го привлече инетресот на многу европски гиганти. Медиумите тврдат дека Реал Мадрид е спремен да испрати богата понуда за Англичанецот.
Токму поради интересот на „кралевите“ Манчестер Сити е спрема нов договор за Стерлинг.
Во моментов англискиот репрезентативец заработува по 180.000 фунти неделно, но челниците на клубот од „Етихад“ се спреми да му понудат двојно повеќе, тврдат англиските медиуми.