Дома Топ вести Реал Мадрид купува аргентински дефанзивец

Реал Мадрид купува аргентински дефанзивец

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за аргентинскиот репрезентативец и член на Виљареал, Хуан Фојт, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Аргентинец игра како десен бек, но може да игра и во центарот на одбраната и беше дел од репрезентацијата која го освои Светското првенство.

Меѓутоа, Виљареал не сака да го пушти Фојт и бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 54 милиони евра.

Минатото лето Барселона долго преговараше за негов трансфер, но Виљареал не сакаше да го пушти.

„Кралевите“ се во потрага по нов десен бек и се спремни да понудат 40 милиони евра за Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…