Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака во својот тим да го види фантастичниот Сенегалец, Садио Мане.
Како што е познато, Реал ќе прави реконструкција на тимот, а покрај Еден Азар една од најголемите желби на тернерот Зидан е токму Садио Мане.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Па така, „кралевите“ наводно одлучиле да понудат интересна размена. Тимот од Мадрид за Сенегалецот го нуди францускиот дефанзивец Рафаел Варан.
Сепак, прашање е дали Варан ќе прифати преселба на Енфилд. Последните шпекулации се дека тој преферира трансфер во Манчестер Јунајтед, клуб кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Претходно, „Марка“ потврди дека Варан одбил да го продолжи договорот и побарал трансфер во летниот преоден рок.
Како што Французинот има желба да замине, така и Реал планира тоа да го искористи. Ќе го понуди на Ливерпул во замена за Мане и се надева дека од „Енфилд“ ќе стигне позитивен одговор.
Од друга страна пак, тимот од „Енфилд“ за овој 26-годишен Сенегалец постави висока цена и бара 130 милиони евра.
Денешното издание на „Марка“ тврди дека претседателот Флорентино Перез нема да жали пари за да ги исполни желбите на Зинедин Зидан, а Мане е на врвот на листата желби на Французинот.