Дома Фудбал Останато Реал Мадрид го обезбедил Милитао затоа што не сакал да плати 150 милиони евра?

Реал Мадрид го обезбедил Милитао затоа што не сакал да плати 150 милиони евра?

Реал Мадрид според најавите на шпанските медиуми ќе биде прилично активен во летниот преоден рок.

„Кралевите“ сакаат целосно да го реновираат тимот и изгледа дека наредната сезона ќе гледаме некој нов Реал, а посебни промени ќе има кога во прашање е последната линија која ја сочинуваат Рамос и Варан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште сега е обезбеден бразилскиот стопер Еден Милитао од Порто, а на листата на желби бил и Калид Кулибали од Наполи, но поради сумата која ја поствил првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис од Реал се откажале.

Овој контроверзен сопственик на клубот од југот на Италија ги одбиваше сите понуди за Кулибали и според информациите од Реал побарал огромни 150 милиони евра.

Одредени медиуми пишуваат и дека интересот на Реал би можел да биде обновен, засега тоа не е многу веројатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…