Реал Мадрид е спремен да го продаде Еден Азар уште во следниот трансфер прозорец, тврдат шпанските медиуми.
Белгиецот минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100.000.000 евра, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека неговата цена на фудбалскиот пазар паднала за 40 проценти. Еден Азар од првиот ден во Реал има проблеми со повредите и вишокот килограми.
Реал планира да го продаде или да го искористи во трампа. Нивната идеја е да тргнат по потписот на Килијан Мбапе следното лето, а ќе го понудат и Белгиецот во договорот за да ја намалат цената на младиот француски напаѓач.
Реал летово се ослободи и од Герет Бејл и Хамес Родригез, кои имаа големи плати, па со заминувањето на Азар додатно ќе се растерети буџетот за плати во клубот