Дома Фудбал Реал е подготвен да ја прифати понудата на Јувентус: Наскоро новo засилувањe во Торино!

Реал е подготвен да ја прифати понудата на Јувентус: Наскоро новo засилувањe во Торино!

Јувентус во летниот преоден рок досега донесе само еден играч. Сега челниците на Старата дама работат на уште едно засилување, а желба е играч на Реал Мадрид.

Единствениот трансфер на Јувентус во овој преоден рок е Тимоти Веа, кој пристигна од Лил за 12 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сега Јувентус се насочува кон ново засилување, а желба е фудбалер од Реал Мадрид.

Според странските медиуми, Јувентус сака да ја обнови одбраната, а прв на листата на желби е Лукас Васкез. Дефанзивецот важи за идеална замена за Хуан Куадрадо, кој реши да замине во Интер.

Имено, шпанскиот фудбалер е високо ценет од челниците на Старата дама, кои би упатиле официјална понуда да го доведат Васкез во Торино.

Ќе видиме на крајот што ќе излезе од тоа, но многу е можно трансферот да се реализира во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците бесни: Роналдо би требало да се срами

Капитенот на репрезентацијата на Португалија Кристијано Роналдо беше исклучен против Ирска…