Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, пренесуваат шпанските медиуми.
Серхио Рамос после 15 години ќе го напушти „кралскиот“ клуб, а се уште не е јасна иднината на Рафел Варан на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета е дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец Жил Кунде. 22-годишниот стопер одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, а Реал веќе ги започнал преговорите.
Шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза и трансферот може да се реализира за 50 милиони евра.
Real Madrid are preparing a €50m bid for Jules Koundé but Sevilla are expected to demand closer to €80m from any sale for the French defender. (Source: ABC) pic.twitter.com/91RiY4V1Vf
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 26, 2021