Реал ќе мора да бара нови решенија.
Фудбалскиот клуб Лајпциг не сака да го продаде на Реал Мадрид, германскиот репрезентативец, Тимо Вернер, објавено е денес.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Тоа не е прашање. Тимо јасно стави до знаење дека сака да остане во Лајпциг. Истакна и дека сака да биде тука и следната сезона и да работи со новиот тренер Јулијан Негелсман“, истакна спортскиот директор на клубот, Ралф Рангник.
Вернер на 63 бундеслигашки натпревари за Лајпциг, постигна 34 погодоци.
Нему договорот со Лајпциг го врзува уште две години, а клубот ќе се обиде истиот да го продолжи.