Реал Мадрид одлучи во летниот преоден рок да го продаде Матео Ковачиќ, кој моментално игра на позајмица во Челзи.
Како што пренесува весникот „АС“, раководството на Реал Мадрид е незадоволно со однесувањето на Хрватот во текот на летото и е спремно да ги разледа понудите за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи наводно сака да потпише долгогодишен договор со 24-годишниот играч за врска, па веќе спрема понуда за „кралевите“. Ковачиќ ова сезона одигра 17 меча за „сините“.
Ковачиќ во 2015 година пристигна во Реал Мадрид од Интер за 35 милиони евра, а наводно „кралевите“ се спремни да го продадат за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Покрај Челзи, интерес за Хрватот покажува и Тотенхем.