Дома Трансфер зона Реакцијата на Чави кога го прашаа за можниот трансфер на Фати во Реал 🎥

Реакцијата на Чави кога го прашаа за можниот трансфер на Фати во Реал 🎥

Во последниот период во јавноста во Шпанија се појавија информации дека Ансу Фати сака да ја напушти Барселона во потрага по поголема минутажа.

Се шпекулираше дури и дека Фати може да премине во Реал Мадрид, а овие информации стигнаа и до двата стратези. Едено од новинарите го праша Анчелоти што мисли за Фати.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Што може да се каже. Ансу Фати е млад фудбалер кој верувам има одлична иднина. Тоа е тоа“, изјави Анчелоти.

Само еден час подоцна прес-конференција пред натпреварот за викендот имаше и Чави, па новинарите му поставија прашање за потенцијален трансфер на Фати во Реал.

„Ова е шега нели? Веќе бев јасен за Ансу Фати. Дебатите се вештачки направени и немаат смисла, тој е важен фудбалер и клубот во него гледа иднина“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона по „корпата“ од Вилијамс тргнува по потпис на ѕвезда на Ливерпул

Официјално потврдено е дека Нико Вилијамс останува во Атлетик, па Барселона се сврте кон б…