Раководството на каталонскиот клуб одлучи веќе по неколку месеци да ја откаже соработката со 42-годшниот стратег, Сито Алонсо и тоа поради лошите резултати оваа сезона.
Барселона во Евролигата оваа сезона славеше само седум пати во 21 одигран меч. Се наоѓаат на 13. позиција од 16 екипи и тоа секако не беше план на клубот кога го ангажираа Алонсо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако ситуацијата во шпанското првенство е подобра, каде Барселона е моментално трета, тешкиот пораз од Басконија во рамки на 19. коло, ги наведе челниците на овој тим да ја раскинат соработката со Алонсо.
Клубот наскоро се очекува да го објави името на неговиот наследник.