Македонскиот прволигаш Работнички денеска го промовираше фудбалерот од Јамајка Роберт Мичел за свое ново засилување.
22-годишниот фудбалер кој игра на левата крилна позиција, во Работнички пристигнува од редовите на тимот на Ватерхоус од неговата татковина.
Претходно како нови засилувања во клубот беа промовирани Михаил Димитриевски, Лука Робакидзе и Стефан Лазаревиќ.