Изгледа дека триото „BBC“ e минато.
Реал Мадрид со победата во Париз го обезбеди својот пласман во ¼ финалето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ после победата од 3:1 на „Бернабеу“ во Париз славеа победа со 1:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што е интересно Зидан пред натпреварот против „светците“ на располагање после долго време го имаше триото „BBC“. Сепак Французинот се одлучи Герет Бејл да го остави на клупата, а шанса од првата минута добија Марко Асенсио и Лукас Васкез и тоа на крајот се покажа како добра одлука. Токму овие двајца го креираа првиот гол на Реал во Париз, егзекутор секако беше Кристиано Роналдо.
После овој потег се добива впечаток дека триото „BBC“ веќе е минато.
Бејл беше целосно спремен да настапи, но веќе во натпреварот против Гетафе три дена претходно стана јасно дека својата шанса ќе ја чека од клупата.
Тој против Гетафе ги одигра сите 90 минути, додека Аенсио и Васкез натпреварот го започнаа од клупата за свежи да го дочекаат реваншот против ПСЖ.
Изгледа се се промени во првиот натпревар против ПСЖ во 1/8 финалето, кога Васкез и Асенсио шанса добија од клупата, а со нивното влегување работите на теренот се променија. По влегувањето во игра на овој двоец, Реал тогаш постигна два погодоци.
Значи како што сега стојат работите изгледа дека Бејл го изгуби својот „кредит“ кај Зизу и веројатно на местото на Велшанецот во иднина ќе гледаме еден од нив двајца.