Адриен Рабио откри дека неговата иднина во Јувентус ќе зависи од тоа дали тимот ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона.
Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа.
Сепак, последните информации се дека Рабио може да остане во Серија А, бидејќи силен интерес за него покажува Милан.
„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување.
Во Милан веќе има четворица Французи, па Рабио може да ја зголеми француската колонија на „Сан Сиро“.