Миралем Пјаниќ изненади со последната изјава за „Мундо Депортиво“ во која откри дека Кристиано Роналдо имал големи заслуги за неговиот трансфер во Барселона.
Во интервју за „Мундо Депортиво“ Пјаниќ кажа дека Роналдо му кажал само најдобри работи за Барселона, иако како што е познато Португалецот долго време го носеше дресот на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роналдо ми кажа се најдобро за Барселона. Веројатно многумина очекуваат да ме убедувал да не одам таму, со оглед на ривалството кое го имаше со овој клуб, но тој ми кажа дека морам да ја прифатам понудата и да одам во Шпанија. Благодарен сум на неговиот совет, тој е голем професионалец и фудбалер на кој треба да му се восхитуваме“, изјави Пјаниќ.
Ќе потсетиме, Пјаниќ во Барселона се пресели со зделката во која Артур премина во Торино. Официјалното деби Пјаниќ за Барселона би можел да го има веќе во недела кога Барса ќе игра против Виљареал.