Дома Фудбал Италија Пјаниќ за својот „дуел“ со Дибала: Тој е добар, но …

Пјаниќ за својот „дуел“ со Дибала: Тој е добар, но …

Миралем Пјаниќ, кој важи за мајстор во изведување слободни удари, ја чувствува главната конкуренција во тимот која доаѓа од страна на Дибала.

Во мечот од ЛШ против Спортинг, Пјаниќ и Дибала се договорија сепак босанскиот интернационалец да го изведе слободниот удар, по што постигна фантастичен погодок.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Често победувам во меѓусебниот дуел за изведување слободни удари, но Дибала е добар секако. Секој од нас има своја страна, свој начин, но двајцата сме добри“, истакна Пјаниќ за Скај.

„За мене позициите од 16 до 25 метри се идеални“, додаде Миралем, кој изрази задоволство поради победата над Спортинг.

„Моравме да славиме откако пропуштивме во првенството. Никогаш не е лесно, но среќни сме што триумфиравме против Спортинг. Очекувањата во Јувентус се се уште големи, па не е лесно да се игра. Меѓутоа, многупати, покажавме дека имаме сила и квалитет“.

Пјаниќ беше повреден и јасно беше дека и недостига на „Старата дама“.

„Мило ми е што се вратив. На крајот од мечот против Спортинг бев уморен, но набезо ќе се подготвам целосно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне викендов испишува историја: Ова не му успеало на никој друг!

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во истори…