Рускиот претседател Владимир Путин денес и формално ја предаде должноста домаќин на наредното Светско првенство.
Пред почетокот на денешното финале во Москва, Путин се сретна со шеикот Ал-Тани и претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светското првенство во Русија беше успешно и сигурен сум дека нашите пријатели од Катар ќе успеат да организараат Мундијал на истото ниво“, изјави Путин.
Путин фудбалската топка му ја предаде Инфантино, кој потоа му ја додели на Ал-Тани.
„Светското првенство ќе биде голем настан за сите во нашата земја“, изјави шеикот.
Да потсетиме Мундијалот во Катар ќе се игра за четири години, но во поинаков термин, од 21 ноември до 18 декември.