ПСЖ ова лето ќе биде на големо искушение бидејќи готово сигурно ќе пристигнат понуди за Нејмар и Мбапе, кои се најголеми ѕвезди во тимот.
Француските медиуми пишуваат дека „светците“ ова лето сигурно ќе продадат еден од нив двајцата, поради фактот што Нејмар и Мбапе повеќе не се во добри односи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Екип“ објави дека помеѓу нив двајцата „пукнала љубовта“ која Нејмар јавно ги критикуваше младите фудбалери за лошите игри оваа сезона, а Мбапе сериозно му се налутил на Бразилецот.
Пред некоку дена младиот француски напаѓач славеше роденден и сите беа изненадени што на прославата не беше Нејмар бидејќи познато е дека двајцата беа добри пријатели.
Француските медиуми тврдат дека двајцата повеќе неможат да бидат заедно во ист тим, па клубот ќе мора да продаде еден ова лето. Тоа индиректно го потврди и тренерот Томас Тухел.
„Како тренер сакам да останат двајцата, но знаете дека во фудбалот се е можно. Сигурно ќе најдеме некое решение на лето доколку пристигнат интересни понуди“, изјави Тухел.