Дома Топ вести ПСЖ тргнува по ѕвездата на Наполи

ПСЖ тргнува по ѕвездата на Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фабиан Руиз влезе во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.

ПСЖ веќе донесе двајца играчи за врска ова лето, но тренерот Галтие е спремен да направи големи промени во средниот ред и е голем симпатизер на играта на Фабиан Руиз.

Интерес за Шпанецот покажувата уште Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но ПСЖ е во пол-позиција во моментов.

Наполи е спремен да го пушти за 30 милиони евра, а медиумите тврдат дека во договорот може да биде вклучен и голманот Кејлор Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…